ВестиПопуларно

(Видео/Фото) Жена му го тепала со години: Тој решил да ја снима, па се гледа како лежи претепан на земја, додека таа му се заканува со нож

Шери Спенсер (45) била снимена како го напаѓа сопругот Ричард во нивниот дом со седум спални во Бубвит, Источен Јоркшир, на камерите што парот ги поставил за да ги надгледува нивните деца, пренесува „Daily Mail“.

На полициската снимка се гледа како Шери лежерно лаже дека нејзиниот сопруг е насилник, но била шокирана кога се соочила со снимката.

Во една прилика вршела нужда на подот и го принудила сопругот да чисти, а во друга прилика го тепала со шише со вино толку силно што трајно му го изобличила увото и му го оштетила слухот. Според сведочењето на сопругот, теророт траел 20 години.

Шери била осудена на четири години затвор во март 2023 година за семејно насилство.

Ричард решил да ја сподели својата приказна во документарецот затоа што верува дека неговите ужасни искуства треба да се видат за да се подигне свеста за видот на злоупотреба што мажите можат да ја претрпат во секојдневниот живот од насилните партнери.

Шери се обидела да го спречи емитувањето на документарниот филм на суд, но не успеала.

Теророт на семејството конечно завршил во јуни 2021 година, кога загрижен социјален работник повикал полиција во нивниот семеен дом.

Видеата можете да ги погледнете ТУКА!