ВестиПопуларно

“Вие сте злобни и бедни луѓе без никаква емпатија” – Илон Маск удри по реномираниот “New York Times”

Во колумната „Неделно мислење“ во New York Times, која беше објавена во печатеното издание ден по атентатот, објавен е текст во кој Доналд Трамп е опишан како неспособен да ја води државата.

“Тој падна на лидерските тестови и ја предаде Америка. Гласачите мора да го отфрлат на изборите во ноември” објавиа New York Times само еден ден по обидот за убиството на поранешниот американски претседател, повикувајќи ги читателите да не гласаат за Трамп.

Оваа насловна страница, објавена само еден ден откако Трамп за влакно ја избегна смртта, предизвика лавина негативни реакции, а меѓу оние кои коментираа беше и милијардерот Илон Макс.

„Њујорк тајмс“ штотуку денеска го објави ова за Трамп. Тие се навистина бесчувствителни и одвратни човечки суштества. Немаат ни трошка емпатија – напиша Маск на социјалната мрежа Икс.

И покрај обидите на дел од твитерџиите да го оправдаат „Њујорк тајмс“ со објаснување дека текстот е подготвен многу долго пред атентатот и дека новинарите немале време да го тргнат од печатеното издание, поголем број од оние кои се согласиле дека „Новинарите немаат ронка срам“.

– Трамп покажа карактер недостоен за одговорноста на претседателот. Тој покажа целосен недостаток на почит кон Уставот, владеењето на правото и американскиот народ. Наместо веродостојна визија за иднината на земјата, Трамп го води жедта за политичка моќ: да ги користи лостовите на владата за да ги унапреди своите интереси, да ги задоволи своите импулси и да се одмазди кон оние за кои верува дека му згрешиле. Едноставно е неспособен да води – истакнува „Њујорк тајмс“ во текстот што беше објавен во онлајн изданието неколку дена пред атентатот.