ВестиПопуларно

Виктор Орбан и Унгарија жестоко казнети поради непочитување на миграција и азил

Највисокиот суд на Европската унија пресуди дека Унгарија мора да плати казна од 200 милиони евра поради непочитување на политиката за миграција и азил, пишува Дојче веле.

И земјата на Виктор Орбан, најголемиот застапник на антимиграциската политика во ЕУ, треба да плаќа по милион евра дневно додека не ги исполни тие услови, за што е и казнета.

Имено, Европскиот суд на правдата (ЕСП) денеска пресуди дека Унгарија мора да плати паушал од 200 милиони евра и парична казна од 1 милион евра на ден поради непочитување на мерките што од неа се бараат во однос на политиката за миграција и азил.

Судиите во Стразбур во декември 2020 година рекоа дека Унгарија не го почитувала правото на ЕУ за третман на мигрантите и и наредиле да спроведе промени.

Судот рече дека неспроведувањето на неговата одлука е „без преседан и исклучително сериозно кршење на правото на ЕУ“.

Исто така, беше решено дека „Унгарија не ги презела потребните мерки за усогласување со пресудата од 2020 година во врска со пристапот до процедурата за меѓународна заштита“.

Во пресудата се наведува и дека Будимпешта не го почитувала правото на апликантите кои барале заштита да останат во Унгарија до конечната одлука за жалбите против одбивањата и дека „депортирала државјани на трети земји кои нелегално престојувале во Унгарија“.