ВестиПопуларно

Возете внимателно! Камерите во Скопје за само два часа регистрирале над 5.000 прекршоци

Дел од булеварите и улиците во Скопје веќе добија камери кои ќе ги ловат несовесните возачи, односно оние кои го загрозуваат својот и животот на останатите учесници во сообраќајот.

Во недостиг на полиција, овие камери ќе ги снимаат сите ваши прекршоци.

МВР се уште не открива што ќе се казнува, бидејќи законот за камерите се уште не ја минал собраниската процедура. Може да се заклучи дека во главно ќе се казнува за минување на црвено и брзо возење.

Камерите се дел од проектот “Безбеден град” и се ставаат со цел да се стави крај сообраќајното дивеење во Скопје.

Низ годините сме сведоци на бројни сообраќајни несреќи, од кои некои завршуваа и трагично. Доколку функционира, овој проект би можел ја зголеми безбедноста.