ВестиПопуларно

Во видео од 1977-ма година, економист објаснува зошто илегалната мигранција е добра за Америка, а легалната не

Во обраќање од 1977-ма година, економистото Милтон Фридман вели дека имиграцијата е супер, но само ако е илегална. Подолу ви го пренесуваме целиот исечок кој го објави профилот на Инстаграм “ecconomicarchive”.

„Гледајте, мексиканската илегална миграција преку границата…е добра работа. Добра е за илегалните мигранти, добра е за САД, добра е за жителите на државата.

Но, добра е само ако е илегална. Ако е легална не е. Зошто? Затоа што додека е илегална, луѓето немаат право на благосостојба (здравство), немаат право на социјална заштита и немаат право на другите бенефити кои ги имаат Американците, бенефити кои ги претураме од левиот во десниот џеб.

Се додека немаат право на тоа, тие се префрлаат од работа на работа, ги работат работите кои Американците не сакаат да ги работат. Тие се вредни работници“, вели Фридман.

https://www.instagram.com/reel/C3MRpgKtmXM/?igsh=NjlieW1icndiMmxh