ВестиПопуларно

Го убила сопругот, па си ги пресекла вените: Милионерите сакале да умрат заедно, на местото на злосторството е пронајдена бизарна порака

Како што пренесуваат француските медиуми, сопругата прво му пресудила на милионерот, а потоа и самата себе.

Деновиве Франција е потресена од трагедијата која го обви Париз во црно. Бизнисменот Хуберт Зиесенис (83) е пронајден мртов во својот луксузен дом во богат париски кварт. До него била неговата сопруга Од де Туин (73) која давала знаци на живот.

Според “Figaro”, Од прво му пресудила на својот сопруг, пред да си ги пресече вените. Потоа повикала брза помош, која ја нашла милионерката во свесна состојба, но многу ослабена. Пронајден е маж со јамка околу вратот. До брачната двојка е пронајдена белешка на која пишува: „Не не оживувајте ако има интервенција бидејќи на овој чин се одлучивме со чиста совест“.

Јавното обвинителство во Париз поведе истрага за да се утврдат причините за смртта и повредите и дали тоа треба да биде класифицирано како кривично дело.

„Госпоѓата е хоспитализирана и во моментов не може да одговара на прашања поради нејзината тешка здравствена состојба“, соопштија обвинителите.

Која е Од де Туин?

“Le Parisien” пишува дека полицијата ја пронашла брачната двојка во вторникот нешто пред 14 часот во стан на булеварот Хаусман во 8-миот арондисман, една од најлуксузните улици во градот. Од де Туин е позната бизнисменка во Франција. Како претприемач од 22-годишна возраст, таа е основач на „Женскиот форум за економија и општество“, меѓународна организација основана во 2005 година, чија цел е да овозможи поголема родова еднаквост во институциите и органите на власта, како и поддршка за женско претприемништво. Во 2007 година, “Financial Times” го рангираше тој Форум меѓу петте највлијателни форуми во светот, нарекувајќи го „ Давос на жените“.

Де Туин, исто така, ја основа организацијата „Жени во Африка“ во 2015 година, која се претставува како „прва меѓународна платформа во светот за економски развој и поддршка на африканските претприемачи“. Таа е основач и на иницијативата „Sistemic“ чија цел е да го зголеми присуството на жените во научните и технолошките области.

Нејзиниот сопруг, Хуберт Зиесенис, беше бизнисмен, најпознат како претседател и извршен директор на компанијата „Cosmétiques“, издавачка куќа на специјализирани списанија како што се Cosmétique, Coiffure de Paris, Société d’Expansion Technique et Economique и Plastiques & Caoutchoucs.