ВестиПопуларно

Грција воведува нови мерки со кои се ‘забранува’ внесување на месо, млеко и млечни производи!

Во Грција е забранет увозот на месо, млеко и млечни производи. Тоа значи дека во Грција на море не можете да носите виршли, стекови, шунка, сирење, млеко, јогурт, крем… Исто така, не е дозволено да носите варени или пржени јадења и расиплива храна!

Граничниот службеник има право да ја конфискува и фрли оваа храна доколку ја најде.

Како што е наведено, можете да носите до 5 килограми свежо овошје и зеленчук, освен компири, до 2 кг бебешко млеко во прав или храна за бебиња или храна за посебни потреби, како и до 2 кг храна за домашни миленици преку граница.

Исто така, никој нема да ви замери ако носите ориз, кечап, готови јадења, макарони, бисквити, чоколадо, вода, сокови, се додека вредноста на овие намирници не надминува 300 евра по патник (150 евра за помлади од 15 години).

Има и важна забелешка за внесување цигари во Грција:

„Дозволениот увоз на цигари по патник е најмногу 200 цигари (1 штека) кога се применува повисоката граница или 40 цигари (2 кутии) кога се применува долната граница.

Во забелешка на официјалната веб-страница на Европската Унија, пишува и дека Грција има право (за патниците кои пристигнуваат по копно или море, т.е. со автомобил и автобус) да примени пониска граница на дозволениот број цигари, т.е. 40 цигари (2 кутии), се наведува во соопштението.

Во пракса, навистина се случува грчките цариници да прават проблем поради цигарите, најчесто на почетокот и на крајот на сезоната кога имаат доволно време да го проверат внесот на цигари и забранета храна – и се повикуваат на оваа долна граница, но во многу случаи не прашувале ниту за цигари, ниту пак пребарувале автобуси и автомобили.