ВестиПопуларно

Дали знаете колку брзо топлината во автомобилот може да стане фатална за децата? Се работи за минути

Доколку не реагирате на време, доаѓа до откажување на органите, а само 15 минути престој во прегреан автомобил може да доведе до фатални последици, односно оштетување на мозокот и бубрезите.

Со доаѓањето на високите температури се зголемува и опасноста од можноста за дехидрација и страдање на децата оставени во возила, предупредува полицијата во хрватска, потсетувајќи дека и краток престој во загреано возило може да предизвика трагични последици. За таа цел, Министерството за внатрешни работи на Хрватска во соработка со Наставниот институт за јавно здравје Др. Андрија Штампар изработи информативен леток во кој беа истакнати последиците од оставањето на децата во возила, а беше посочена и законската рамка, како и препораките на експертите.

Целта, посочуваат, е да се подигне свеста и да се сензибилизираат родителите и другите одговорни лица на најголема можна будност и грижа за најмладите за да се избегнат нивните маки. Поради послабата способност на детското тело да се адаптира на високите температури, телото на детето се загрева три до пет пати побрзо од телото на возрасен. Високата надворешна температура за многу кратко време кај децата доведува до зголемување на нивната телесна температура и до топлотен удар.

Доколку не реагирате на време, доаѓа до откажување на органите, а само 15 минути престој во прегреан автомобил може да доведе до фатални последици, односно оштетување на мозокот и бубрезите. Оттука, хрватското МВР предупредува дека оставањето на дете без надзор во затворено возило е грубо занемарување и злоупотреба на детето, што е карактеристика на кривичното дело повреда на правата на детето. „Последиците може да бидат смрт на дете или сериозно оштетување на здравјето, одговорниот ќе биде казнет за сторено потешко кривично дело, за што е пропишана затворска казна од една до 15 години.

Стресот, животниот метеж и големиот број секојдневни обврски во денешното време се најчестите причини за заборавање на родителите. Борбата со меморијата често се манифестира на тој начин што активностите ги извршуваме автоматски, не им обрнуваме доволно свесно внимание, а подоцна не можеме да се сетиме дали нешто сме направиле или не, велат од полицијата.