ВестиПопуларно

Дали Илон Маск ке биде назначен како советник на Трамп доколку стане претседател?

Доколку републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп повторно ја освои Белата куќа на ноемвриските избори, постои можност милијардерот Илон Маск да стане негов политички советник, пишува “Wall Street Journal”, повикувајќи се на луѓе запознаени со ситуацијата во тимот на Трамп.

Според The ​​Wall Street Journal, Доналд Трамп и Илон Маск разговарале за тоа како Маск, кој раководи со платформата X, SpaceX и Tesla, би имал „формален придонес и влијание“ врз економските и граничните безбедносни политики.

Маск, кој беше повеќе наклонет кон републиканците во последните години, наводно го информирал Трамп дека води кампања за да ги убеди моќните американски бизнис лидери да не го поддржуваат демократскиот претседател Бајден, кој го победи Трамп на изборите во 2020 година и бара втор мандат.

Трамп и Маск, пишува Wall Street Journal, разговарале и за финансирање на „проект за спречување на измама на гласачите“.

Претставниците на медиумите на Трамп и Маск не одговорија веднаш на барањата за коментар, ниту пак претставниците на кампањата на Бајден.

Сепак, портпаролот на кампањата на Трамп, Брајан Хјуз, изјави за Волстрит журнал дека само Трамп ќе одлучи „каква улога ќе има одреден поединец во неговото претседателствување“.