ВестиПопуларно

Данска ја праќа цела артилерија во Украина

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека ќе ја праќа цела своја артилерија во Украина и ги повика другите држави од Европа да го направат истото

Оваа изјава доаѓа откако Данската делегација вчера имаше состанок со Зеленски. Како што кажува украинскиот претседател, теми на разговор биле одбранбена поддршка во Украина, како и билатерален безбедносен договор. Исто така се зборувало за заедничко производство на дронови и имплементација на договор за мир. „Многу сум благодарен на Данска за нивната континуирана поддршка на Украина и украинскиот народ.“ изјави Зеленски на својот X профил.

Премиерката Фредериксен, којашто денес учествуваше на Минхенската безбедносна конференција на којашто главно се дискутира интернационална безбедност, изјави дека целата Данска артилерија се сели во Украина.

„Украина бара муниција од нас веднаш. Ние, Данска, одлучивме да ја трансферираме целата наша артилерија во Украина. Има друга артилерија во Европа, не е во прашање само производство. Имаме оружје, муниција, против воздушни системи кои што не ги користиме. Мора да бидат предадени во Украина.“

Дали ова ќе предизвика реакција од другите европски држави или па сепак Русија, останува да видиме.