ВестиПопуларно

Има ли барем нешто точно во изјавава: Што беше кажано за личните документи тогаш, а што се случува денес?

Вака на кратко…Македонецот во моментов, барем според важечките закони и услови, не смее да вози автомобил до работа, а не смее ни да отпатува некаде ако во соодветниот документ не му стои Северна.

На прес-конференција од пред неколку години, портпаролот на Владата на РМ Миле Бошњанковски одговара на прашање од новинарката, дали граѓаните ќе ги сносат трошоците од имплементацијата на договорот за промена на името на нашата држава.

Па две работи влегуваат во уво…отварање на поглавја со ЕУ, што не се случува, и вонредни трошоци нема да има. Како ќе истекуваат документите, така ќе си плаќаме за редовни постапки.

Еве на брзина:

„Самиот договор е етапен договор, што значи дека имплементацијата е во наредниот период, петгодишен, и како се отвораат поглавјата во преговорите со Европската унија за членство така и се имплементираат одредени решенија.

Во однос на трошоците, тоа што можеме во моментов да го кажеме дека нема да има во еден ден да се менуваат сите патни исправи, туку на која патна и истекува рокот, ќе се менува. Тие трошоци, во однос на патните исправи, ќе бидат во насока на редовните трошоци за вадење на патни исправи коишто ги имаат граѓаните на Република Македонија. Сето тоа ќе биде спакувано на начин на којшто граѓаните нема да почувствуваат никаков трошок“.

Кога, повторно го прашува дали трошоците за патните исправи ќе ги платат граѓаните, владиниот претставник самоуверено вели:

„Кога ќе ја менуваш твојата патна исправа, кога ќе ти истече и кога ќе дојдеш во ситуација три месеци да не можеш да патуваш никаде, кога ќе треба да ја замениш, ќе платиш како за секоја редовна замена на патна исправа“.

Еве ѕирнете го цело видео, па заклучете сами.

https://www.tiktok.com/@mkprolet/video/7334605375288675589?_r=1&_t=8jpcd93grqQ