ВестиПопуларно

Ден после нападот: Реакцијата на Русија по огромната трагедија во Москва каде што животите ги загубија над 70 луѓе

Ваквите грозоморни ситуации најчесто успеваат да го сплотат народот повеќе од било што друго. Па ете така денес речиси цела Русија излезе во Москва за да помогне, запали свеќа или да понуди помош на било каков начин.

Уште од раните утрински часови, има редици од волонтери пред секоја болница со цел да дадат крв за жртвите на нападот.

Јавноста излезе во Москва во огромни бројки да се моли за загубените животи.

Русите излегоа да оддадат почит и пред Руската амбасада во Њујорк.

Додека руските власти откако го лансираа проектот Зарја, успееја да дојдат до слики од сторителите

Во меѓувреме еден од напаѓачите беше застрелан и убиен во текот на бегството.

https://twitter.com/GeromanAT/status/1771436020560511241?s=20

Со оглед на тоа што еден од напаѓачите веќе беше уапсен, остануваат уште три напаѓачи на слобода, а 10 луѓе кој биле инволвирани во планирањето на инцидентот исто така се уапсени

Корисниците на социјалните мрежи се огласија за фактот дека ИСИС презеде одговорност за нападот врз Москва.
“Путин беше единствениот лидер што во текот на војната помеѓу Газа и Израел, ги повика Хамас и нивните пријатели на разговор. Која е логиката терористите да ја нападнат Русија”

Друг сепак рече “Јавна тајна е дека ИСИС е финансиран од ЦИА и Мосад.”

Трет саркастично изјави “Израел одговорен за нападот? Па какво искуство имаат они со убивање невини луѓе?”

Сепак како што изјавуваат медиумите во Русија, доколку има било како вмешаност од Украина, Владимир Путин “Ке ги убиел сите украински лидери”