ВестиПопуларно

Еве како се однесувале убијците додека цела Србија ја бараше Данка: Оделе на работа, шетале низ селото…како ништо да не се случило

Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор, осомничен дека е соучесник во убиството на Данка Илиќ (2), по која се трагаше 10 дена, се однесувал како ништо да не се случило по монструозното злосторство, дознава Курир.

Од 26-ти март кога девојчето исчезна, па се додека полицијата не го привела, тој делувал потполно смирен и ги извршувал своите вообичаени активности и мештаните го гледале низ селото.

„Го видовме деновиве, нормално одеше на работа. Изгледаше нормално, не оставаше впечаток дека е загрижен или возбуден. Буквално не забележавме дека има нешто поинаку од вообичаеното“, велат жителите на Злот.

Додаваат дека Дејан важи за „затворен тип“ и дека не се дружел многу со своите соселани.

„Сака многу да пие, тоа не е тајна. Често беше пијан. Сепак, никогаш не ни падна на памет дека може да направи вакво нешто. Дури и случајно да го удрил детето со автомобил, зарем не е хумано и логично да го однесете во Итна помош и да не го фрлите во депонија?! Не ни се верува за каков мозок се работи“ додаваат тие.

Жителите на борското село Лука, каде што е уапсен Срѓан Јанковиќ (50), кој бил зад воланот на „фиатот“ на смртта, велат дека се згрозени од тоа што го направил нивниот сосед.

„До пред една година важеше за чесен човек, но пред една година почна да прави некои лоши работи низ селото и за него се зборуваа секакви работи. Како што слушнавме, поради тоа и сопругата го напуштила“ изјавил жител на селото Лука и додал:

„Во последните неколку дена, откако цела Србија почна да ја бара исчезнатата Данка Илиќ, тој не излегуваше од дома. Порано често седеше пред селските дуќани, а последниве десет дена никој не го виде таму, што ни беше чудно, бидејќи тоа му беше секојдневие. Мислевме дека тоа е затоа што отпатувал некаде, но пред некој ден го видовме како оди на работа“

Жителите на двете села велат дека не знаат каква казна би била соодветна за тоа што го направиле нивните соседи. „Сега и смртната казна им е малку “ ,се согласуваат сите.