ВестиПопуларно

Експертите со страшно предупредување: Доаѓа нов топлотен бран! На еден дел од континентот ќе има силно невреме

Португалија, Шпанија и Мароко се подготвуваат за нов топлотен бран, а во некои области се предвидуваат температури од 46 Целзиусови степени.

Метеоролозите велат дека врвот ќе биде во среда на 24 јули, кога во Мадрид ќе биде околу 39 степени, во Севиља 43 и во Лисабон 37 степени.

Сепак, највисока температура се очекува во Маракеш 46 Целзиусови степени, додека до крајот на неделата се очекува пад на температурата.

Во меѓувреме, топлотниот бран донесе брутални бури во големи делови од северна Европа.

Во Франција, повеќе од 45.000 удари на гром беа регистрирани во текот на викендот и се верува дека ова е најлошата бура оваа година.

Невремето кое започна во саботата на 20 јули доведе до поплави во регионот Горна Марна на североистокот на земјата.

Пет лица се префрлени во болница по силното невреме, најмногу поради хипотермија.

Во некои делови на југоисточниот брег на Франција, како и на Корзика, падна град кој беше толку голем што жителите и посетителите беа предупредени да внимаваат.

Во некои делови од земјата следеа поплави, жителите беа евакуирани од куќите, блокирани патишта, а забележани се и неколку случаи на прекини на струја.

Невремето погоди и делови од источна Холандија кога силните ветрови го блокираа сообраќајот на автопатот, а многу луѓе останаа заробени во своите домови.

Австриските Алпи беа исто така погодени од поплави и порои, реките се излеаја од коритата, а улиците се претворија во потоци.

Ситуацијата беше особено страшна во градот Кремсбрук во Коринтија, кога сирените се вклучија среде ноќ додека водата ги опколи куќите.

Во Германија и Австрија во два одвоени случаи од гром загинаа двајца млади планинари на возраст од 18 и 22 години.