ВестиПопуларно

Зад затворени врати имало “претстава” која не е за во јавност: Еве што направија Меган и Хари по шокантното видео на Кејт

Војвотката од Сасекс Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, излегоа во јавност откако дознаа дека принцезата Кејт Мидлтон боледува од рак.

Тие и испратија емотивни пораки и и посакаа брзо закрепнување, но зад затворените врати на нивната куќа се случувало нешто сосема друго. Иако во последно време се во несогласувања и во многу лоши односи, тврди “People”, Меган и Хари се обиделе приватно да контактираат со Кејт и Вилијам.

Во нивниот текст нема многу дополнителни информации, па не е јасно дали кралската двојка го прифатила нивниот повик, ниту како реагирале на него, доколку тоа се случило.

Многу аналитичари деновиве пишуваа за тоа дека и покрај сите тешкотии, членовите на кралското семејство секогаш се едни покрај други кога тоа е од најголема важност.

Принцот Хари го докажа тоа кога веднаш откако дозна дека неговиот татко, кралот Чарлс III боледува од рак, отпатува во Англија за да го види само половина час.

Да потсетиме, принцот Хари (39) и Меган (42) ја поддржаа Кејт (42) во јавна изјава што го обиколи светот.

“Им посакуваме здравје и закпренување на Кејт и семејството и се надеваме дека ќе може да го преброди ова во приватност и мир” – се вели во соопштението на Хари и Меган.

Многумина остро го осудија овој потег на Хари и Меган и рекоа дека тоа е само шоу и обид на парот да ја смири врската и да се зближи со своето поранешно семејство.

Војводата и војвотката од Сасекс последен пат беа видени со принцезата Кејт и принцот Вилијам (41) во септември 2022 година, кога четворицата отидоа на ненадејна прошетка во Виндзор по смртта на кралицата Елизабета.

Принцот Хари и Меган беа во Европа во 2022 година на серија хуманитарни настани кога кралицата Елизабета почина на 96-годишна возраст.

Поддршката на Меган и Хари доаѓа откако принцезата Кејт ја објави дијагнозата на рак во видео порака на социјалните мрежи во петокот.

Во видеото, принцезата од Велс сподели дека по операцијата на абдоменот во јануари, постоперативните тестови „утврдиле дека ракот е присутен“ и дека таа моментално е во „рана фаза“ на лекување.

Кејт исто така рече дека таа и принцот Вилијам одвоиле време да им ја објаснат ситуацијата на нивните три деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5) пред објавувањето.