ВестиПопуларно

Израел обвинет за геноцид од меѓународниот суд, но дали тоа ќе смени нешто?

По долги четири месеци од мрачни сцени исполнето со оружје и смрт на безброј невини лица, Јужна Африка одлучи да поднесе тужба во меѓународниот суд во кој се укажува дека Израел изврши геноцид врз палестинскиот народ.

Одговор за случајот се доби на 26.1.2024 во кој меѓународниот суд на правдата одлучи дека Израел всушност врши геноцид и треба веднаш да се престане со насилството кон Газа.
Имено, судот од Израел бара:

  • Да се прекине секаков напад кон Газа
  • Да се овозможи хуманитарна помош во Газа
  • Да се зачува секаков вид доказ во Газа
  • Да се извести судот во рок од 1 месец

Она што е доста иронично во оваа мрачна ситуација е тоа што пресудата си ја толкува кој како сака. Според Израелците, тие го добиле случајот и сеуште го имаат правото да се бранат иако судијката кажа дека не може да го исполни барањето на Израел за тотално отстранување на овој случај.

Иако на некој начин ова е мала победа за Газа (Ако воопшто постојат победи во вакви ситуација); Канада и САД и покрај судењето продолжуваат да праќаат милијарди долари помош во Израел како нивниот народ да е пред истребување …

Имено, министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли, изјави дека нејзината држава не го прифаќа судењето за геноцид врз Израел.

“Канада ке ја продолжи да го поддржува Израел, нивното право да опстојат, и нивното право да се бранат” – Мелани Џоли, Министер за надворешни работи на Канада

Од друга страна, министерот за одбрана на Израел е крајно лут поради судењето на меѓународниот суд, дури и го нарече целиот случај антисемитски.

“Меѓународниот суд во Хаг направи све во своите сили за да го одобри антисемтиското барање на Јужна Африка”

“Цивилите во газа се соучесници во целавата ситуација. Јас наредив целосно затварање на газа, без струја, без храна, без нафта. Све е затворено. Се бориме со животни и мора да се однесуваме адекватно.” – Јоав Галант, Министер за одбрана на Израел

Јавноста секако дека е и фуриозна на Џо Бајден кој неодамна скрати помош за организација којашто нуди помош на загрозени лица од нападите на Израел. Пред судот во Калифорнија се извадени огромни пароли кој што гласат дека Бајден е соучесник во геноцидот и да се прекини бомбардирањето.

Израел како одговор на Јужна Африка одлучи да ги тргне сите авионски летови од Израел кон Јужна Африка на крајот од Март. Дали ова ке доведе до нови тензии на светската сцена останува да видиме.
Едно е сигурно, пресудата за Израел не значи буквално ништо. И покрај тоа што светската сцена укажува на тоа дека се премногу блиску до Геноцид, они тврдоглаво тераат напред и не ги интересира ништо. А и нормално деке тоа ќе биде така кога од позади те буцкаат Америка и Канада да продолжиш со војна…