ВестиПопуларно

Иран: Антарктикот е наш!

Покрај целиот хаос што се случува на планетата земја, Иран одлучи додатно да ја замати работава со изјава дека целиот континент на Антарктикот им припаѓа на нив.

Се најавува дека морнарицата на Иран се здобила со сопственост на земјиште во јужниот пол, што е директна закана за админстрацијата на Бајден како и глобалните договори кога е во прашање Антарктикот.

Изјавата од Иран гласи: “Имаме право на сопственост на земјиште во Јужниот пол. Имаме план да го кренеме нашето знаме и да вршиме воени и научни задачи од таму. Нашите научници моментално се спремаат за заедничка операција која е по прописите на нашиот лидер”

Можеби овие потези на Иран ке доведат до преговори околу договорот, но моментално, ова е директно прекршување на антарктичкиот договор кој гласи дека не смее да има воени активности на континентот.

Во видеото подоле може да ја видите таканаречената бела пустина.