ВестиПопуларно

Исчезна 21-годишна девојка во Илинден: Излегла да прошета, па не се вратила дома

Полицијата добила пријава дека 21-годишната Енкеледа Чела од Албанија е исчезната. Оттаму посочуваат дека полицијата веќе има потрага по неа.

21-годишната Енкеледа Чела од Албанија, која во Скопје студирала на Економскиот факултет е исчезната од ноќта петок кон сабота. Информациите дека ја нема девојката ги споделија нејините пријатели кои го информирале и нејзиното семејство во Албанија.

Од рано утрово по социјалните мрежи се споделува информација дека се бара дваесет и еднодишната Ени.

За исчезнувањето информирано е и нејзиното семејство кое живее во Албанија. Девојката не се вратила кај нив, а тие се на пат кон Македонија за да ја бараат.

-На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(21) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.