ВестиПопуларно

„Каде ги снема, зошто никој не зборува за ова“? Турист забележал дека нешто недостасува на плажите на Јадранот!

Неговата објава поттикна многумина да се приклучат на дискусијата и да се обидат да ги најдат причините за оваа појава.

Еден турист неодамна го сподели своето набљудување на “Reddit”, што предизвика интересна дискусија меѓу корисниците. Забележал дека на плажите на Јадранското Море повеќе нема толку школки како порано.

Она што порано беше вообичаено, уживање на плажа додека шетате по песок и наоѓање грст школки, денес стана ретка појава.

„Каде исчезнаа школките од плажите? Му објаснував на моето дете дека ги собирам цел ден и сега поминувам денови без да најдам … Каде се?“, праша тој на “Reddit”.

Неговата објава поттикна многумина да се приклучат на дискусијата и да се обидат да ги најдат причините за оваа појава.

Многумина веројатно се сеќаваат како како деца собирале школки на плажа, што на многумина им била омилена активност за време на одморот.

„Тоа веќе не е така, односно има значително помалку школки. Со својата објава отвори дебата на популарна социјална мрежа“, вели еден коментатор.

Не чекаше долго на одговори …

„Претпоставувам дека причината лежи во загрозувањето на живеалиштето поради полнењето и уредувањето на плажите за туризам, можеби и во зголемувањето на температурата на морето поради климатските промени …“, коментира еден корисник, пренесува порталот “Дневно”.

Сепак, друг корисник на “Reddit” не се согласува со оваа теорија, тврдејќи дека во тој случај ќе има повеќе мртви школки. Што мислите вие?