ВестиПопуларно

Каде е најчистата вода за капење во Европа?

Квалитетот на водата за капење на европските плажи е значително подобрен во последните години, што е потврдено од извештајот на Европската комисија и Европската агенција за животна средина.

Најдобра вода за капење, според извештајот, е на Балканот, во Хрватска. Словенија е на одлично четврто место.

Извештајот на Европската комисија и Европската агенција за животна средина ја издвојува Хрватска како земја со најчиста вода за капење. Во него се наведува дека биле тестирани 22.081 локација во сите земји-членки на ЕУ, како и во Албанија и Швајцарија, а Хрватска има убедливо најчиста крајбрежна вода. Дури 99,1% од хрватските брегови имаат одличен квалитет на водата, што е вкупно 886 од 894 тестирани места.

Од година во година, се повеќе локации, односно плажите, ги исполнуваат најстрогите стандарди кога станува збор за квалитетот на водата за капење. Од сите плажи, дури 85% од нив имаат вода со одличен квалитет. Од вкупниот број испитани води, дури 96% ги исполнуваат минималните стандарди за квалитет, а само 1,5% се оценети како незадоволителни.

Квалитетот на водата се оценува со помош на микробиолошки податоци за да се класифицира како незадоволителен, доволен, добар или одличен. Земјите се рангирани според чистотата на нивните води за капење според податоците собрани при ригорозни годишни анализи кои ги следат сите параметри.

Хрватска во последните години се позиционираше како една од најпосетуваните дестинации во Европа кога се во прашање летните одмори. Во прилог на тоа оди и фактот дека речиси 50 милиони туристи годишно ги посетуваат хрватските брегови, што дополнително ја потврдува атрактивноста на оваа земја.

Списокот на десет земји со најчисто море изгледа вака:

Хрватска

Кипар

Грција

Словенија

Белгија

Бугарија

Данска

Шпанија

Малта

Португалија