ВестиПопуларно

Кејт никогаш не дава автограми а за тоа има СЕРИОЗНА причина! Еве некои од правилата кои морат да се почитуваат во кралското семесјтво!

Кога станува збор за членовите на британското кралско семејство, тие строго се придржуваат до одредени правила, а последните настани покажаа дека понекогаш се тие правила се прекршуваат.

Забрането е потпишување и давање автограми

Едно од контроверзните правила до кои мора да се придржуваат членовите на британското кралско семејство е забраната за потпишување за членовите на јавноста.

За време на посетата на “Chelsea Flower Show”, Кејт Мидлтон им открила на група деца дека не смеела да дава автограми.

Наместо тоа, Кејт нацртала неколку цртежи за да ги израдува малечките.

Забрана за “Селфи”

Веќе подолго време се шпекулира дали на членовите на британското кралско семејство им е дозволено да прават селфи.

Иако некои членови на семејството изјавија дека не ги одобруваат селфи фотографиите, последните настани покажуваат дека овие правила можеби повеќе нема да важат.

Вилијам и Кејт се видени како се гушкаат со луѓе и се фотографираат со нив, нешто кое што се сметаше за неприфатливо.

Кршење правила!

Принцот Вилијам неодамна призна дека го прекршил кралското правило кога потпишал гипс на раката на деветгодишно момче, додека Кејт Мидлтон откри дека никогаш не смее да потпишува автограм за членовите на јавноста, иако тоа може да изгледа како безопасен гест.

Се чини дека некои од правилата кои членовите на британското кралско семејство морале да ги следат се промениле со текот на времето, што покажува дека ниту тие не се имуни на кршење на правилата или промени во протоколот.