ВестиПопуларно

Која е убавицата уапсена заедно со шефот на “Telegram”?: Се нарекува гејмерка и крипто-инвеститор! Семејството изгубило контакт со неа (ФОТО)

Откриен е идентитетот на девојката која наводно била приведена со сопственикот на “Telegram” доцна во петокот!

“Телеграм” каналот База наведува дека Јулија Вавилола (24) била во друштво на Павел Дуров кога тој слетал на аеродромот во Париз.

Засега не е јасно дали Јулија и Павел се во емотивна врска, меѓутоа, според База, Вавилова често престојува на места каде што е Павел Дуров. Така таа неодамна на своето инстаграм стори објави дека од Казахстан полетала за Азербејџан, каде што се наоѓал Дуров.

На фотографиите се гледа дека била во приватен авион чија внатрешност наликува на авионот со кој Дуров патувал во Париз.

Еден од нејзините роднини изјавил за База дека Јулија последен пат и се јавила на мајка и пред два дена. Денеска жената се обидела да ѝ се јави на ќерка си, но таа не одговорила.

Таткото на Јулија за База раскажал дека последен пат комуницирал со својата ќерка на 2 август кога и го честитал роденденот. Таткото потврди дека Јулија му рекла дека планира да патува во Франција.

Вавилова живее во Дубаи и се нарекува себеси гејмерка и крипто-инвеститор.

Таа, исто така, води крипто канал на арапски.

Сопственикот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, е приведен во петокот вечерта на аеродромот во Париз Ле Бурже. Причината е наводното одбивање на креаторот на Телеграм да соработува со француските власти, поради што е осомничен дека е вмешан во низа злосторства.

На Дуров наводно му се заканува казна затвор до 20 години.