Вести

Кривата кула во Пиза и кривата елка во Скопје: Погледнете некои од реакциите на мрежата “X” за украсите во Скопје

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека „Скопје никогаш не било полошо украсено и дека градот никогаш не бил толку валкан и без вкус“, а на социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер) се појавија многу реакции по повод овогодишната елка на плоштадот.

„Ваква елка нема ни на Али Експрес“, „Знаете како викаат: каква ти е душата и домот, таква ти е и новогодишната елка“.

„Кметице, ова е одраз на вашата душа и вашиот дом, Град Скопје. Срамота“, „Македонија во една слика“, „Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, „Кривата кула во Пиза и кривата елка во Скопје, тие се тие“, се дел од коментарите на „X“.

Град Скопје минатата недела извести преку соопштение дека градот ќе биде украсен за сума од 30.000 евра.

Напишете коментар