ВестиПопуларно

Ликвидиран во Шпанија! Рускиот пилот кој со “Mi-8” дезертираше во Украина заврши трагично

Според наводите на светските медиуми, поранешниот капетан Кузминов е убиен од огнено оружје со најмалку пет куршуми во Виљахојос, во шпанската провинција Аликанте, а неговото тело е пронајдено во подземна гаража.

Припадник на Главната разузнавачка управа на Украина Андриј Јусов потврдил дека Максим Кузминов, некогашен припадник на военото воздухопловство на Руската Федерација е пронајден мртов.

Кузминов кон крајот на август 2023-та година во рамки на тајната воено-разузнавачка операција „Синица“ дезертирал и на украинските вооружени сили во воздушна база во областа Харков им предал борбен хеликоптер „Mi-8“ со вредна документација и тајна техничка опрема, за награда од 500.000 долари, пренел тогаш „Kyiv Independent“.

Човекот кој со хеликоптерот вреден 17,5 милиони евра пребегал откако неговото семејство побегнало од Русија бил на листата за ликвидација на руските специјални сили, наведува британскиот весник „The Sun“.

Според наводите на руските медиуми, поранешниот капетан Кузминов е убиен од огнено оружје со најмалку пет куршуми во Виљахојос, во шпанската провинција Аликанте, а неговото тело било пронајдено во една подземна гаража.

Кузминов наводно имал проблем со алкохол и наркотици, а соседите во шпанскиот приморски град изјавиле дека се однесувал несоодветно, врескал и во пијана состојба зборувал за своето минато и сегашноста.

Тоа што збунува во извештаите е соопштението на шпанската полиција дека во гаражата во Виљахојос е пронајдено тело на маж на возраст од 33 години, додека своевремено, во извештаите за бегството на Кузминов е наведено дека тој имал 28 години кога дезертирал до руското воено воздухопловство.

Според првите информации од извори од шпанската полиција кои ги цитира „Tass“, во градот Ел Кампењо е пронајден запален автомобил, со кој, според шпекулациите, атентаторите побегнале.

Кога побегнал, Кузминов во документарецот кој го објавила Главната разузнавачка управа на Украина, рекол дека неговиот мотив за дезертерството бил „противењето на руската инвазија на Украина“, а медиумите во Киев ги пренеле и тврдењата на украинските разузнавачи дека на рускиот пилот му биле понудени „нови документи, нов идентитет и парична надомест“.

При слетувањето во Хершон двајцата членови на неговиот екипаж не сакале да го поддржат неговото дезертерство па припадниците на украинските вооружени сили ги ликвидирале во кратка престрелка.