ВестиПопуларно

Лицето на монструмот: Овој човек избоде 11-годишно девојче во Лондон, доаѓа од Балканот (ФОТО)

Објавена е фотографија од Балканецот, кој е осомничен дека во понеделникот избодел девојче (11) на плоштадот Лестер во Лондон, додека детето било со својата мајка.

Јоан Пинтару (32) од Романија е осомничен за обид за убиство и недозволено поседување оружје. Медиумите јавуваат дека го избодел девојчето дури осум пати!

Пинтару е обвинет дека го грабнал девојчето која со мајка си дошло како турист да ужива на плоштадот и почнал да ја повредува. Тој со раката го фатил девојчето околу вратот, а потоа почнал да го боде по рацете, рамената, лицето и вратот.

Иако на почетокот се веруваше дека мајката на девојчето е повредена во нападот, се покажа дека облеката е натопена во крвта на нејзината ќерка.

На девојчето до пристигнувањето на итната помош му помагале работниците од блискиот ресторан. Таа е префрлена во болница и е во тешка состојба, но нејзиниот живот не е загрозен.

Пинтару е уапсен на самото место и приведен, а денеска треба да биде сослушан пред надлежниот суд.

На плоштадот бил совладан од член на обезбедувањето на кафеана, а откако ги слушнал врисоците на детето и мајката. Тој скокнал врз Романецот, го соборил на земја и му го одзел ножот.

– Видов како прободува дете и само сакав да го спасам. Моја должност беше да го спасам – рекол јунакот Абдула, кој потоа со колега му пружил прва помош на девојчето додека не дојде докторот.

Се претпоставува дека напаѓачот и жртвата не се познавале претходно. Се вели дека у не е со живеалиште во Британија. За се е информирана и Амбасадата на Романија во Лондон.