ВестиПопуларно

Македонците на “Reddit” зборуваат за искуствата во сообраќајот: “Сообраќајната култура е едно од огледалата на состојбата во Македонија”

Не треба да си искусен возач за да знаеш колку е ниска сообаќајната култура во Македонија. Има луѓе кои не користат трепкачи при менување на лента. Ќе ти свират на ако почнеш да кочиш на жолто. Не се знаат или едноставно не се почитуваат правила на кружен тек и друго…

Сообраќајната култура е ниска, но сосема одговара на општата култура во Македонија, стои во постот во македонскиот “субредитот” на споменатата мрежа.

Па еден корисник долу се шегува: Дали сте знаеле дека пуштање на трепкач предизвикува неизмерна болка кај одреден возачи?, а друг прашува “А што се тоа трепкачи?”.

“Во 10 минути возење сведочам на 5 прекршоци секој ден”, вели друг.

Какви се вашите искуства во нашиот сообраќај?