ВестиПопуларно

Машкиот стерилитет постојано се зголемува, лекарите загрижени

Истражувањата покажуваат дека зачестеноста на машката неплодност постојано се зголемува, а се предвидува дека во блиска иднина ќе го надмине процентот на женска неплодност.

Според проценките, машката неплодност се движи од 20 до 50 проценти, а статистиката покажува дека бројот на сперматозоиди е преполовен во последните 30 години. Истражувањата покажуваат, всушност, дека целиот спектар на машки репродуктивни проблеми е во пораст, вклучувајќи ја и зголемената стапка на рак на тестисите.

Драгана Крстиќ од здружението „Шанса за родителство“ од Србија ја потврдува горенаведената информација.

„Кога некој вели дека има проблеми со стерилитет, многу луѓе мислат: „ох, до жената е“, но веќе не е така или малку повеќе се опуштивме, па сега зборуваме малку повеќе за машкиот пол. Дефинитивно има зголемување на машкиот стерилитет“.

Причините за стерилитет кај мажите се кријат во лошите животни навики. Бројни студии ја докажуваат зголемената поврзаност помеѓу неплодноста и различните надворешни фактори, како и со нездравиот начин на живот.

За ова зборувал и доктор Милан Перовиќ од Одделот за вештачка репродуктивна техника од Србија.

„Едноставно живееме во свет каде што сме опкружени со разни штетни газови, од кои за жал често и не можеме да избегаме, не можеме да се изолираме од светот“.

Иако решението за жал не е при рака, некои работи можат да го подобрат машкото репродуктивно здравје.

„Првата работа е редовно да се проверуваат, веќе кога ќе станат полнолетни или сексуално активни, да си го проверат спермограмот и културата на спермата, тоа е многу важно, штом ќе се појави некаква промена, треба да се консултира уролог“.