Вести

Многу работи се случувале во Македонија! Оскаровката не може да престане да мисли на филмот “Пред дождот”

Холивудската актерка Глен Клоус зборувала во промотивно видео пред оскаровската церемонија во кое на актерите им се поставувало прашањето кој филм ги инспирирал да патуваат во некоја земја.

Клоуз се одлучила за легендарниот македонски филм „Пред дождот“, благодарение на кој Милчо Манчевски се стекна со светско реноме и кој беше номиниран за Оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1994-та.

„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар. Многу работи се случувале на тоа поднебје. Никогаш нема да го заборавам“, изјавила Клоус.