ВестиПопуларно

МОНСТРУМ! Американец дошол на Балканот, ја задавил сопругата, ги убил кучињата и се обесил – оставил проштално писмо со неверојатна содржина

Метју Џејмс Верц (53), Американец кој работел како предавач на универзитетот во Тирана, прво ја убил сопругата и кучињата кои ги чувале заедно, а потоа се самоубил.

Според информациите со кои располагаат тамошните медиуми, несреќната жена била пронајдена задавена, а Метју обесен, додека кучињата лежеле мртви.

Сопругата на убиецот и самоубиецот Сарага Инда Лилис Сартика (48) била задавена со јаже. Се сомневаат дека ги тепал кучињата со бејзбол палка.

Покрај страшната сцена на безживотни тела, полицијата во текот на истрагата во нивниот изнајмен стан пронашла и проштално писмо од криминалецот, каде детално го опишал злосторството. Одземени се четири лаптоп компјутери и една безбол палка.

– Во една од собите во изнајмениот стан, нашите членови го пронајдоа телото на индонезиската државјанка Сарага Инда Лилис Сартика (47). Таа е убиена, поточно задавена со јаже. Исто така, во станот се пронајдени кучиња, а се претпоставува дека кучињата се претепани до смрт со тврд предмет, најверојатно бејзбол палка – стои во полициското соопштение.

Верц и Сарага имаа дозволи за престој во Албанија и биле официјално во брак.

– Американскиот државјанин Метју Џејмс Верц бил вработен како наставник во приватна образовна институција во Тирана, додека неговата сопруга била невработена – соопштила полицијата.

Одземено е и возилото “Mercedes” кое го управувал убиецот како и мобилниот телефон, а телата се испратени на обдукција.

Прошталното писмо што Метју го напишал е упатено до неговите родители и „се извиниl што не станал маж и што не се откажал од своите пороци“.

Се сомнева дека ги спомнал имињата на лицата на кои им должел пари, како и дека на сметките оставил доволно за да ги покрие сите долгови.