ВестиПопуларно

Морничави предвидувања на „Новиот Нострадамус“: „Трета светска војна ќе започне. Знам и кога …“

Тој во своите предвидувања ја користи ведската астрологија и е сосема сигурен дека во мај, најдоцна во јуни треба да започне нов голем светски конфликт …

Индиецот Кушал Кумар се претставува себеси како „новиот Нострадамус“. Тој тврди дека предвидел бројни светски настани со помош на астрологијата, а во новата објава воопшто нема добри вести. Кумар, се извинувам, Новиот Нострадамус, вели дека Третата светска војна е пред нас …

Тој во своите предвидувања ја користи ведската астрологија и е сосема сигурен дека нов голем светски конфликт би требало да започне најдоцна во мај, јуни, пишува Дејли Стар. Тој додава дека точно предвидел дека оваа година ќе донесе многу војни, своите предвидувања ги објавува на различни портали специјализирани за астрологија …

– Израел е во војна, која може да се прошири, има војна во Украина, во која би можело да се вклучи НАТО … Има тензија меѓу двете Кореи, како и меѓу Кина и Тајван. Има и индикации дека некои светски лидери од овие региони имаат научни проблеми – вели Индиецот.

И работите ќе станат уште полоши. Овој Индиец смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси ја гледа како доказ дека неговите предвидувања ќе се остварат …

– 18 јуни има најголем планетарен стимул како ден кога ќе започне 3-та светска војна. Други опции се 10 јуни и 29 мај – вели Кумар.

Не кажа кој ќе излезе од таа војна како победник, кој воопшто ќе се бори, а тоа е веројатно бидејќи се уште не му ’дошло’ …

– Можете ли да ми кажете кој ќе ја освои Лигата на шампионите? Ми требаат пари за да се подготвам за крајот на твојот свет – се шегуваат во коментарите на социјалните мрежи на сметка на Индиецот…