Вести

Наградата за најдобар кружен тек ја добива овој од Црна Гора: “Забораваш дали си дошол или си отишол”

Кружните текови отсекогаш биле голема главоболка за многу возачи. Но, кој ќе налета на кружниот тек во Котор, ќе разбере за каква мака се работи.

Фотографија од новоотворениот кружен тек во Котор се појави на страницата “Podgoricki_vremeplov”.

Под фотографијата се редат урнебесни коментари:

„Музеј на илузии“, е еден од коментарите… Потоа следува: „Дали пред да влезете во кружниот тек добивате вреќи за повраќање?“

„Овој круг на средина е за пешаците да одмараат кога е потребно“, напишал еден корисник.

“Стигнуваш до кружниот тек и забораваш дали си дошол или си отишол“, се пошегува друг корисник.

Другите коментари можете да ги прочитате на приложениот линк: