Вести

Најпознатиот случај на егзорцизам во светот: Ја опседнале демони, па и направиле 67 сесии, на крајот починала

Анелизе се уверила дека е опседната од демони, што било поддржано од нејзините родители, како и од свештениците кои верувале дека нејзините симптоми се резултат на демонско влијание.

Анелизе е родена на 21 септември 1952 година во Германија, во семејство кое било длабоко религиозно и посветено на католичката вера. Таа пораснала во многу строга религиозна средина, а нејзиниот живот бил обележан со чувство на вина и потреба за покајание.

Во текот на своето детство, Анелизе покажувала знаци на длабока религиозност, често се моли и постела, па дури и спиела на студениот под за да ги искупи гревовите на нејзината мајка, која родила вонбрачно дете пред раѓањето на Анелизе.

Меѓутоа, нејзиниот живот драматично се променил кога во тинејџерските години доживеала неколку тешки напади поради кои била сместена во санаториум за туберкулоза.

Иако закрепнала од болеста, нејзиното физичко и ментално здравје продолжи да се влошува.

Таа набрзо развила нови симптоми – проблеми со говорот, одење и напади кои погрешно биле дијагностицирани како епилепсија. Иако и биле препишани лекови, состојбата не и се подобрила.

Анелизе се уверила дека е опседната од демони, поддржана од нејзините родители, како и од свештениците кои верувале дека нејзините симптоми се резултат на демонско влијание.

Откако лековите престанале да и помагаат, родителите во договор со свештениците почнале со ритуали на егзорцизам. Помеѓу 1975 и 1976 година, на Анелиза биле извршени околу 67 сесии на егзорцизам.

На крајот, исцрпена од постот и ритуалите, починала на 1 јули 1976 година во сон, тешка само 30 килограми, поради исцрпеност и дехидрација.

Нејзината смрт предизвика голем скандал во Германија. Родителите и свештениците кои го извршија егзорцизмот беа обвинети за убиство од небрежност и осудени на условни затворски казни.

Приказната за Анелизе Мишел остана снимена во популарната култура, особено преку филмовите како „Егзорцизмот на Емили Роуз“ и „Реквием“, а нејзиниот гроб стана место за аџилак на многу луѓе кои ја сметаат за светица.