ВестиПопуларно

“Никогаш нема да ја подржиме Палестина! Израел не се виновни за геноцид и ке ги подржуваме ЗАСЕКОГАШ!” – Американскиот конгресмен со порака за Газа и палестинците

Претставникот на САД за 5-тиот конгресен округ за Тенеси, Чак Флејшман не успеа да се контролира откако му беа поставени прашања за војната во Газа.

Откако на Флејшман му пријдоа демонстранти и почнаа да го прашуваат за Израел и Палестина, тој осигури дека на сите ќе им биде јасно каде тој стои.

Разговорот почнува како демонстрантите му кажуваат „Слобода за Газа“, на што тој одговара „Јас го поддржувам Израел, извинете“

Отпосле го прашаа како можел да биде поддржувач на геноцид и на колективна казна на невини луѓе, по што почнаа да горат страстите.

„Да ви кажам нешто, Израел ни сојузник, секогаш ни бил сојузник, дури и ако извршиле воени злосторства, тие не се виновни за геноцид, и ќе го поддржувам Израел засекогаш!“ кажа Флејшман

На ова демонстрантите одговорија „Значи ги поддржувате и покрај тоа што отепаа 30.000 дечиња?“ на што Флејшман одговара „Тоа е само статистика.“

Откако демонстрантот кажува дека всушност тој е од Палестина, конгресменот осигури дека неговата порака е јасна „Ќе ти кажам во лице! Јас НИКОГАШ нема да ве подржувам. Довидување до Палестина!“

Оваа интеракција на конгресменот доста ја разбесни јавноста која почна да го вика злобен човек, неиформиран итд.

Флејшман не е единствениот конгресмен од Тенеси што е против Израел. Неодамна, Вилијам Оглс, кој е исто така претставник на Тенеси изјави дека требало да ги убијат сите во Газа.