ВестиПопуларно

Нова шок битка на небото над Одеса: Украинците испратија пропелерец Јак-52 во потера по руски дрон! Сцена како од пред 100 години!

Извидувачки дрон сними нова неверојатна битка на небото над јужна Украина!

Операторот на рускиот извидувачки дрон ZALA 421-08 снимил украински Јак-52 како полетува за да го пресретне на границата на Одеса и Миколаевската област.

„Можеби наскоро ќе се случи првата воздушна битка меѓу нашите пилоти на беспилотни летала и непријателски ловец“, се вели во рускиот телеграмски канал Operation Z.

Воените канали на Телеграм, да потсетиме, објавија видео во април на кое се гледаат украинските сили како користат Јак-52 со митралез во пилотската кабина за да ги пресретнат руските извидувачки беспилотни летала Орлан и Зала кои летаат над јужните делови на земјата.

На снимката се гледа како пропелерец авион Јак-52 кој наводно припаѓа на украински летечки клуб како маневрира околу рускиот извидувачки дрон Орлан-10 додека војник пука во дронот.

Се гледа и дека автоматскиот падобран на дронот е отворен, што е знак дека е погоден.

Според експертите, ова е безбеден и евтин начин за одбрана од стотиците руски извидувачки беспилотни летала кои летаат над Украина секој ден. Тоа е побезбедно и поевтино отколку да се испрати еден од ретките преостанати МиГ-29 да пука во бавен дрон.

Јаковлев Јак-52 е советски авион за обука со две седишта, кој прв пат летал во 1976 година и е наменет за обука на цивилни и воени пилоти. Ниската брзина на застој му овозможува на авионот да врши маневри и да ги брка беспилотните летала.