ВестиПопуларно

Педагогот го прашал – „Што ќе правиш со пушката?“ Убиецот му рекол: „Бегај на страна“: Домарот точно знаел кои му се мети, ги заобиколил другите

Педагогот го прашал „што ќе правиш со пушката“, а убиецот му рекол „бегај на страна“.

Шок во Сански Мост. Тројно убиство во зградата на Гимназијата. Помошен работник ги убил директорот, секретарката и пензионираната професорка по англиски јазик. Мотивот наводно е дисциплинската постапка што била спроведена против него. По крвавиот пир, извршителот на тројното убиство се обидел да се самоубие и во училишната зграда каде во моментот на злосторството имало и ученици кои полагале поправни испити.

Неверување и шок во Сански Мост. Редовниот состанок на вработените во Гимназијата, пред почетокот на новата учебна година во 10 часот и 6 минути, се претворил во трагедија каква што градот не памети.

„Тројца мои колеги со кои работев си заминаа, со секретарката нешто пократко, а со овие двајца работам од 1995 година“, изјавил Настион Кљуниќ, професор по хемија во Гимназијата.

Пред Гимназијата имало полиција, ленти и возилата на убиецот и жртвите, но и сведоци на убиството на директорот на училиштето Нијаз Халиловиќ, кој бил и функционер на локалната СДП, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик Гордана Миџан. Професорот по хемија и поранешен директор во моментот на трагедијата бил во соседната соба и ги слушнал истрелите.

„Претпоставувам дека покренале дисциплинска постапка против него и одел со цел, поминал покрај други професори, велат дека биле пет-шест. Стоеле во ходникот, а тој само поминал. Педагогот му рекол, што ќе правиш со пушката, а овој само му рекол – бегај на страна“, продолжува Кљуниќ.

Полицијата подоцна потврдила дека убиецот не се обидувал да го прикрие оружјето кое го носел.

Неофицијална причина за дисциплинската постапка против сторителот на ова убиство Мехемед Вукалиќ е неговото нередовно извршување на работните обврски, честите отсуства од работа или честото заминување од работа пред истекот на работното време.

Ова го тврдат неговите колеги, меѓу кои и чистачот чие работно место наводно го барал сторителот на тројното убиство, кој се пожалил на здравствени проблеми со р’бетот поради што често бил на боледување.

Директорот сакаше да го доведе во ред бидејќи поголем дел од работното време беше во град, имаше некој бутик“, истакнал чуварот Ферид Абдиќ.

Сите околности треба да ги утврди истрагата што ја спроведува кантоналното обвинителство. Самиот сторител ќе биде сослушан по закрепнувањето. Тој не успеал во обидот за самоубиство, бил тешко ранет, но свесен и пренесен во УКЦ во Бања Лука, каде му била извршена операција.