ВестиПопуларно

Пи Диди барал “Повеќе од работа” од своите вработени..

Една од легендите на хип-хоп сцената, П. Диди моментално е во оган откако колегите го обвинија за сексуално злосторство. Ваквите вести веќе не се новост за Диди откако неговата екс девојка Кејси Вентура кажа дека тој ја имал заробено во „циклус на насилство и бело робје“

Во легални документи публикувано од TMZ, Родни Џоунс, екс продуцент и видеограф на Диди тврди дека тој повеќе пати бил жртва на сексуално насилство од страна на Диди, и бил предмет на исмејување и флертување од страна на неговите колеги.

Џоунс, покрај сè останато, тврди и дека Диди му го стиснал задникот, гениталиите и му го допирал анусот. Џоунс исто така кажува дека Диди често шетал скроз гол пред него.

Џоунс верува дека Диди пробувал да го негува со цел да си ги исполни сексуалните очекувања. Тој кажува дека Диди не им давал многу значење на нападите и кажувал дека само си „играле“. Понатака, Џоунс тврди дека Диди го натерал да гледа видео од Стиви Џеј (Исто така музички продуцент) како има секс со друг маж. Џоунс исто така имал слика од видеото како доказ. Исто така има обвинување кон една од братучедите на Пи Диди, Јанг Мајами, која наводно сакала да има секс со Џоунс пред Диди и неговите вработени.

Родни Џоунс

Верувале или не, Џоунс имал уште за кажување за неговиот однос со Пи Диди. Тој кажува дека Диди донел проститутки во неговата вила во Мајами, и верува дека имало ситуации кај што тој бил дрогиран и потенцијално силуван. Исто така кажува како Диди носел малолетни девојки на неговата јахта и ги служел со алкохол. Џоунс тврди дека на јахтата Диди го запознал со Куба Гудинг Џуниор, кој веднаш почнал да го штипка и да му ги гали нозете и препоните.

Родни Џоунс и Куба Гудинг Џуниор

Доколку тоа не беше доволно, Џоунс исто така го набеди Диди за убиство. Тој кажува како Диди и неговиот син Џастин имале жестока расправија во Лос Анџелес на снимање. Како резултат од расправијата избиле пукотници, по што настрадал човек кој го викале Џи. Џоунс тврди дека Диди му рекол да и каже на полицијата дека некој поминал со кола и пукал во него.

Освен што го суди Пи Диди, Џоунс исто така го суди неговиот син Џастин, останати вработени на Диди, како и мнозина на музички продуценти.