Вести

Повеќекратно убиство во Куманово по семејна расправија!

Од МВР потврдуваат повеќекратно убиство. Според информациите, брат пукал во сестра му и нејзините синови!

Од МВР изјавија „На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициските службеници од СВР го лишале од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р. (63), и нејзините синови Ж.Р. (36) и Т.Р. (38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р. додека Ж.Р. со повреди е пренесен во Општа болница Куманово“

Жената и нејзиниот 38 годишен починале, додека третото лице се бори за живот. При примеот, лицето можело да комуницира но бил во шок од тоа што се случило.

Увидот на случајот е во тек.