ВестиПопуларно

(Фото) Познат идентитетот на жената која што беше убиена во Германија

Жената убиена во Есен, Германија од страна сопругот, е 41 годишната Ванеса од Кавадарци.

Денеска во Есен беше погребана Ванеса П. од кавадарци која беше ладнокрвно прободена од страна на својот сопруг.

Како што се дознава, таа е мајка на седум деца од кои најмалиот син има само осум години.

Нејзиниот сопруг исто така бил македонец кој после убиството се пријавил сам во полиција и моментално се наоѓа во притвор.

Фокус имаше разговор со братот на Ванеса, Бесум Алија кој раскажа што се случило.

“Пред девет години сестра ми со семејството се пресели во Германија, во потрага по подобар живот. Но, бракот и беше пекол.”

“Тој беше премногу љубоморен, постојано ја контролираше, не ја пушташе да оди ниту во маркет.Не и дозволуваше да зборува со фамилијата, таа не смееше да дојде ниту кај мене.”

“Постојано трпеше закани, и се закануваше дека ако дојде кај мене, ќе ме убие мене и ќе ги убие моите деца!”

“Само за да нема проблеми со него, таа ме блокираше мене и сите роднини на телефон, но на крај сепак заврши на еден таков свиреп начин, усмртена пред очите на синот- раскажува братот.”