ВестиПопуларно

Познат идентитетот на убиениот Македонец во Германија

Според извори во неговото родно село Жировница во Маврово-Ростуше на кои се повикува порталот Експрес, се работи за 32-годишниот Емре Исмаили кој бил на работа во Германија.

Соселаните го опишуваат како „златно дете“ кое се нашло на погрешно место во погрешно време. Емре бил на прослава и дошло до расправија со двајца Еритрејцикои со пивски шишиња го претепале до смрт.

Исмаили работел како помошник-менаџер во Мекдоналдс.

На инцидентот во кој Исмаили го загубил животот му претходела расправија која завршила со трагедија.

Неговите пријатели го опишуваат Емре како голем патриот кој си ја сака Македонија и често се фотографирал со дрес од македонската фудбалска репрезентација.