ВестиПопуларно

Поради пешкир на плажа ризикувате казна од 250 евра! Едно од омилените летувалишта во светот воведува драконски казни – еве на што се однесуваат

Туристите во оваа земја ќе бидат казнети со 250 евра доколку се обидат да резервираат место на плажа со оставање пешкир на песок претходната вечер.

Мерката има за цел да ги обесхрабри посетителите на плажата на Коста Брава во Шпанија да остават пешкири, столици и чадори на плажа пред 9.30 часот.

Ограничувањето се однесува и на работи кои се оставени без надзор покрај морето повеќе од три часа, а туристичките власти велат дека не се подготвени да толерираат „празни, но резервирани“ лежалки.

– Неколку години во текот на летото добиваме бројни поплаки за резервација на места на плажата, соопштија од градскиот совет на Калпе.

– Казната од 250 евра ќе ги спречи посетителите на плажата да најдат метри плажа зафатена од работи среде утро, а нивните сопственици никаде на повидок, додаваат од Советот.

Со оваа мерка се забранува неселективно окупирање на јавен имот, особено на плажа, со предмети како лежалки и чадори на почетокот на денот, се вели во соопштението.