ВестиПопуларно

После бурна расправа, американскиот конгрес повторно одобри пакет помош за Украина

Америка сеуште е во улога на “Миротворец”. Сега претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за помош на Украина во износ од 60,8 милијарди долари.

За усвојување на законот гласале 311 конгресмени, а против биле 112, јави Си-Ен-Ен.

Сенатот се очекува да го усвои законот во следните неколку дена, а потоа треба да го потпише и американскиот претседател Џо Бајден.
Официјални лица изјавија за американските медиуми дека дел од муницијата може да стигне до Украина во рок од една недела.

Од вкупната сума, околу 23 милијарди долари ќе бидат искористени за надополнување на американските резерви на оружје, а повеќе од 11 милијарди ќе ги финансираат тековните воени операции на САД во регионот.

Речиси 14 милијарди долари ќе бидат искористени за Украина за купување напредни системи за оружје и друга опрема.