ВестиПопуларно

По заканите на Трамп, „ѕирнавме“ кој колку издвојува за НАТО: Еве колку издвојува Македонија

Последните изјави на Доналд Трамп предизвикаа нова загриженост во редовите на европските земји и НАТО членките, откако тој најави дека можеби нема да им помогне и да ги заштите сојузниците од НАТО од потенцијална руска инвазија ако и натаму не издвојуваат доволно за одбрана.

Трамп, прераскажувајќи го состанокот со лидерите на НАТО во текот на заввчерашниот политички собир во Јужна Каролина, го цитирал претседателот на “една голема земја” кој го прашал: „Па, господине, ако не платиме, а повторно не непадне Русија – ќе не заштитите ли?“. Трамп, пренесувајќи ги сопствените зборови, одговорил дека не би ги заштитил бидејќи не платиле.

Newsweek: Трамп можеби има основи за своите закани

Уследиле остри реакции и критики од страна на претседателот Џо Бајден, главниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, и бројни високи европски службеници.

Додека бил претседател, Трамп го намалил финансирањето на НАТО и често се жалел дека САД плаќаат повеќе од сите.

Но, и покрај острите критики, поранешниот претседател има некои основи за своите тврдења, пишува “Newsweek”. Повеќето членки на НАТО, 19 од нив, се уште не успеваат да издвојат 2 проценти од БДП на воена потрошувачка, и покрај тоа што се договориле заа таа цел на самитот во Велс уште во 2014-та година.

Поголема потрошувачка

Членките кои досега ја достигнале и надминале целта се Полска (3,9%), САД (3,49), Грција (3.01), Естонија (2,73), Литванија (2,54), Финска (2,45), Романија (2,44), Унгарија (2,43), Латвија (2,27), Велика Британија (2.07) и Словачка (2,03 проценти).

Во јули 2023-та, оние кои се уште не ја достигнале целта биле Франција (1,9 %), Црна Гора(1,87 %), Македонија (1,87), Бугарија (1,84 %), Хрватска (1,79), Албанија (1,76), Холандија (1,7), Норвешка (1,67), Данска (1.65), Германија (1,57), Чешка (1,5), Португалија (1.48 %), Италија (1.46), Канада (1,38 %), Словенија (1,35), Ирска (1.31), Шпанија (1.26 %) и Белгија (1,26 %).

Иако воената потрошувачка значително порасна во последните години, а руската инвазија на Украина поттикна нови вложувања во воената индустриска база и ги зацврсти позициите на истокот на Европа, целта од 2 проценти се уште не е остварена. Со можното доаѓање на Трамп во Белата куќа, членките би можеле да се најдат под голем притисок додека истовремено би се зголемила несигурноста и неизвесноста внатре во самиот сојуз.