ВестиПопуларно

Преживување на 35+: Пет трикови како да се изладите кога нема клима

Топлотен бран е поим со кој често ќе се сретнуваме во наредниот период.

Затоа што – лето е, температурите се високи и сите бараат бегство од горештините. Многумина ќе го најдат во клима уредите, но дури и да немате клима во вашиот дом, постојат трикови кои ќе ви ја олеснат пеколната топлина.

1. Наместо на температурата во вашиот дом, фокусирајте се на температурата на вашето тело

Ако нашите предци преживеале без клима, нема причина да не можеме и ние. За почеток, треба да обрнете внимание на температурата на вашето тело. Пијте ледени пијалаци, а тука мислиме пред сè на вода, туширајте се со ладна вода, ставете влажни крпи на места со силен пулс како што се вратот и зглобовите, бирајте облека мудро, нека биде од природни и материјали и ставете сад со ладна вода и ако топлината ве разбуди среде ноќ, потопете ги нозете во неа.

Мократа коса помага и за ладење на телото, па навлажнете ја целата или еден дел од вашата коса за брзо да се олади. Можете исто така да замрзнете марамче и да се оладите така што ќе го ставите на челото, рацете или стапалата, покрај вратот и зглобовите што веќе ги спомнавме. Кога ткаенината ќе се загрее, исплакнете ја и вратете ја во замрзнувач или фрижидер.

Ако сте на море, сигурно знаете кои се вашите опции.

2. Исклучете ги сите извори на топлина

Обидете се да ја користите рерната што е можно помалку и свртете се кон ладни салати и јадења кои можете да ги подготвите без да ја вклучите рерната.

Исто така, не ги оставајте светлата без потреба вклучени. Кога не го користите вашиот компјутер, исклучете го. Истото важи и за телевизорот, бидејќи сите овие уреди дополнително ќе ви го загреат просторот за живеење.

3. Отворање/затворање на прозорецот

Во текот на денот, во најжешките периоди , затемнете го вашиот дом. Спуштете ги ролетните и развлечете ги завесите бидејќи голем дел од несаканата топлина влегува во домот токму преку прозорците. Со потемнување помагате вашиот дом да не се претвори во минијатурна стаклена градина.

Во вечерните часови, особено ако живеете во област каде што температурите паѓаат во текот на ноќта, отворете ги прозорците за да дозволите свеж воздух да циркулира низ вашиот дом.

4. Мудро избирајте постелнина

Додека фланелните чаршафи се одличен избор за зима кога сакате да ви биде што потопло, во лето попаметен избор е памучната постелнина која ќе ви помогне полесно да дишете дури и при највисоки температури. Нема да погрешите ако изберете свила или сатен.

5. Наполнете го фрижидерот со освежителни задоволства и полесна храна

Храната може да ви помогне и во борбата против топлината. Наполнете го фрижидерот со овошје, направете освежителни ледени лижавчиња, јадете многу зеленчук … Избегнувајте тешка храна и бирајте намирници кои на вашето тело ќе му обезбедат доволно вода и енергија.

what to wear in hot weather