Вести

Пронајдена мртва во својот автомобил: Убиена најмладата градоначалничка во Еквадор

27-годишната Брижит Гарсија, мајмладата градоначалничка во Еквадор, била пронајдена убиена во автомобил вчера рано наутро.

Полиција ја истражува смртта на 2727-годишната градоначалничка на Сан Висенте и Жаир Лоор, нејзин секретар за комуникации. Двајцата биле застрелани.

Подоцна вчера, полицијата соопшти дека пукањето дошло од изнајмен автомобил и дека го следеле ГПС системот на возилото. Гарсија беше во партијата Движење на граѓанската револуција на поранешниот претседател Рафаел Кореа.