ВестиПопуларно

Пукано во автомобилот на градоначалникот на Арачиново, неговиот возач застрелан во гради

Две лица се повредени во престрелка попладнево во Арачиново, пишува Слободан печат.

Според партиски извори, во престрелката е повреден возачот на градоначалнкикот на општина Арачиново Ридван Ибраими.

Македонските медиуми јавуваат дека цел на нападот бил автомобилот на градоначалникот, но засега нема потврдени информации дека во возилото бил Ибрахими.

Засега нема детали од МВР, но медиумите известуваат дека полицијата ги блокирала патиштата и дека истрагата е во тек.

Како што се дознава, пријавениот побегнал со автомобил марка „голф“ во правец на Куманово.

Повредените се пренесени во болница во Скопје.