ВестиПопуларно

Разнесен авион на НАТО, мета биле Лавов и Киев, уништени објекти, луѓе под урнатини и убиени цивили: Ракетен напад на Русите во близина на границата со Полска

“Reuters”, повикувајќи се на изјави на очевидци, пишува дека неколку експлозии одекнале на периферијата и на Киев и на Лавов и дека тоа звучи како ефект на системот за противвоздушна одбрана.

Украинските воени претставници потврдија дека воздухопловните сили биле ангажирани во одбивањето на нападот.

Британската агенција “Reuters” наведува дека овој напад е извршен само еден ден по големиот руски воздушен напад врз украинскиот воен институт во Полтава, во централниот дел на земјата.

Во тој напад Русија употреби две балистички проектили, а според бројот на жртви, тоа е најсмртоносниот поединечен воздушен напад од почетокот на годината, бидејќи најмалку 50 луѓе загинаа, а стотици луѓе беа ранети.

https://twitter.com/EuromaidanPress/status/1831201741448048910?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1831201741448048910%7Ctwgr%5Ef39a7af70fcd7a46936b0bc5b6aa95ae3491c581%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F492206%2Fedit

Да, многу е бучно. Оштетени се станбени згради во градот Лавов за последниот напад напиша Максим Козицки, гувернер на Лавовската област во порака на Телеграм.

“Kyiv post” наведува дека има луѓе затрупани под урнатините во Лавов.

Меѓу ранетите има и деца, меѓу кои и десетгодишно момче. 15 лица се префрлени во локалните болници по нападот, објави Андриј Садовиј, градоначалник на Лавов.

Тој додаде дека неколку згради во близина на централната железничка станица се запалиле по нападот и дека најмалку две училишта во Лавов денеска нема да работат.

Полска подигна борбени авиони по трет пат во осум дена за да ја обезбеди безбедноста на својот воздушен простор.

Ова е уште една многу бурна ноќ за целиот систем за противвоздушна одбрана во Полска поради набљудувачката активност на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација која изведува удари – објави командата на полската армија на социјалната мрежа Х.

Во други делови на Украина се огласи тревога за воздушна закана, а жртви се пријавени и во Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Експлозии се слушнале и во градовите Суми, Луцк и Ривне.