ВестиПопуларно

Распарчени тела пронајдени во депонија! Убиецот признал: Убив 42 жени

Полицијата во Кенија уапси маж осомничен за убиство на најмалку девет жени. Телата на жртвите се пронајдени осакатени во напуштен каменолом што се користел како депонија. Полицијата соопшти дека Џомаиси Калисија (33) признал дека од 2022 година убил 42 жени, вклучително и неговата сопруга.

Тој беше уапсен во кафеана вчера рано наутро, додека го гледал финалето на ЕУРО. Во петокот, првите распарчени тела беа пронајдени во каменоломот Мукуру во Најроби. „Тој призна дека намамил и убил 42 жени и ги фрлил нивните тела на депонија“, изјави Мохамед Амин, шеф на Дирекцијата за криминалистичка истрага (ДЦИ), пренесе Би-би-си.

Ги распарчил жртвите со мачета

Полицијата извршила претрес во куќата на осомничениот и пронашла повеќе предмети кои би можеле да им припаѓаат на жртвите, како што се 10 телефони, лаптоп, лична карта и женска облека. Таа ја пронашла и мачетата на Калисија која најверојатно ја користе за распарчување на жртвите и девет кеси слични на оние во кои биле телата.

Надлежните ја оградија депонијата. Пронајдените жртви биле на возраст од 18 до 30 години и сите биле убиени на ист начин. Засега не е познат мотивот за убиствата. Полицијата го уапсила осомничениот по форензичка анализа на мобилен телефон на една од жртвите.

„Се појасно е дека имаме работа со сериски убиец, психопатски сериски убиец кој нема почит кон човечкиот живот“, рече Амин. Началникот на кениската полиција претходно изјави дека се истражува можната вмешаност на полицијата бидејќи депонијата била блиску до полициска станица.