ВестиПопуларно

“Се што ќе допре се претвора во с*ање” – Трамп удри по Бајден

На последниот говор на Доналд Трамп пред неговото кривично судење во Шнексвил, Пенсилванија, тој распали по Џо Бајден и го обвинува за неуспехот на САД

Трамп започна со веста на денот дека Иран истрелал беспилотни летала и проектили кон Израел, кои потоа биле запрени од Израел и американските сили пред да стигнат до нивните цели. Поранешниот претседател го обвини Бајден за нападот.

„Бог да го благослови народот на Израел, тие се нападнати во моментов“, им рече Трамп на толпата. „Тоа е затоа што покажавме голема слабост, немаше ова да се случи ако бев јас на функцијата“.

Тој потоа ги најави изборите на 5ти Ноември па удри по Џо Бајден

“Што направил тој што е добро? Ништо. Дали нешто што направил искочило добро? Што и да допре се претвора со с*ање”

Трамп исто така не беше задоволен со напливот на илегалните имигранти што доаѓаат од границата со Мексико.

„Во моментов, милиони луѓе влегуваат во нашата земја од затвори, од ментални установи, од целиот свет“, изјави тој. „Ова е најлошата граница на која било земја во историјата на светот“.

Додавајќи “Ако победи пак Бајден ќе ја уништи државата”