ВестиПопуларно

Смртта на ќерката на претседателот на Југославија и денес е мистерија: Била во пеколот на порокот, по неа починала и нејзината сестра

Мира Мијатовиќ била познатата пејачка на позната белградска рок група чии хитови и денес уживаме да ги слушаме. За жал, нејзината судбина била еднаква на пеколот.

Доколку сте љубители на музиката од 80-тите, и ви се допаѓал таканаречениот новиот бран (new wave), веруваме дека сè уште се сеќавате на познатиот хит „Сама“, од бендот „ВИА Талас“.

Песната која сè уште се врти на радиостаниците и по клубовите, a која ги прослави, за жал, била речиси пророчка за девојката која ја отпеа.

„… Грди соништа, како кучиња, ме следат, затоа што, сфаќам дека сум сама, оставена сум сама, нека почне времето да ме носи …“, гласи рефренот на нумерата која ја пеела талентираната Мирјана Мира Мијатовиќ, која како да знаела што ќе се случи само неколку години по неверојатниот успех кој го постигнале во времето кога цел Белград лудувал по нив.

Додуша, оваа убава девојка, како и нејзината сестра Маја, веќе биле доволно интересни за јавноста со оглед на тоа што биле ќерки на политичарот Цвијетин Мијатовиќ, вториот претседател на Претседателството на СФРЈ по Тито. Сепак, иако нивната приватност поради оваа причина е скриена во целосна тајност од средината на 80-тите, некои детали сепак го пронашле својот пат до јавноста.

Мира е родена во Љубљана во 1961 година, но кога имала 9 години во сообраќајна несреќа загинала нејзината мајка, актерката Сибина Мијатовиќ. По оваа семејна трагедија, таткото на Мира, Цвијетин се оженил со актерката Мира Ступица.

Кога нејзиниот татко бил избран за претседател на Претседателството на СФРЈ, семејството се преселило во вила на Дедиња, поради што ја нарекувале „принцезата на Дедиња“, а величественото издание меѓу белградската младина одамна било познато по бурните забави кои ги организирале сестрите. Таму доаѓале најголемите „фаци“ од 80-тите, а најголемото изненадување било што овие забави ги чувала полиција.

Во 1981 година, Мира Мијатовиќ го основала бендот „ВИА Талас“ со Бојан Печар, со кој го сними албумот „Perfektan dan za banana ribe“ во 1983 година, а најпозната песна од албумот била гореспоменатата „Sama“, која станала национален хит.

Нивниот најдобар концерт бил на стадионот „Ташмајдан“ и во СКЦ како предгрупа на „Идоли“, а тогаш Мира Мијатовиќ фрлала бонбони во публиката. Меѓутоа, немале многу настапи.

„Свиревме во подрумот на вилата на Мира, а точно над него беше канцеларијата на нејзиниот татко. Еднаш тој дојде кај нас и ни се обрати: ’Деца, извинете што прекинувам, но можете ли да престанете да свирите само на кратко, бидејќи го имам Брежњев горе на линија. Мене ми е жал што ве прекинувам, но барем не удирајте со тие чинели, тоа ми пречи, можеш да удирате по тапани, тоа не ми пречи … ‘ Чекавме малку и потоа продолживме да свириме“, своевремено раскажал еден од членовите, Мишко Плави.

Издале три албуми и беа многу популарни, па дури и Горан Бреговиќ ги забележал и ги повикал во Сараево да снимат плоча. Но, тоа всушност беше почеток на нивниот крај.

На крајот не им се допаднало тоа што го направиле и се откажале. Мишко Плави набрзо бил поканет во групата „Д’Бојс“, а останале само Мира и Бојан кои тогаш биле во врска. Својата плодна кариера ненадејно ја завршиле во 1983 година, а секој од нив тргнал по својот пат.

Според нејзините пријатели, Мира Мијатовиќ била згодна, висока, црнокоса која сакала да ги менува фризурите. Опуштена и отворена. Нејзиниот најголем интерес била музиката. Таа често излегувала со другарките во белградскиот клуб „Академија“ каде со восхит ја гледале.

„Ја паметам Мира како девојка со извонредна насмевка и многу енергија. По обликот на главата и фризурата ме потсетуваше на Ава Гарднер. Ја познавам од здравата фаза. Кога падна во канџите на дрогата избегнуваше да дојде. Зборувавме по телефон. Не смееше да ме гледа во очи. Мира беше помирна. Можеби нивното однесување беше програмирано, да се одмаздат на нивниот татко. Не можам тоа да го тврдам. Децата од 80-тите беа програмски навлечени на дрога.“ своевремено раскажал Петар Пеца Поповиќ, познат новинар и рок критичар, за порталот Presstiž.rs.

За жал, токму наркотици ѝ го одзеле животот на Мира во 1991 година, кога била пронајдена мртва, на само 30-годишна возраст. Причина за смртта е предозирање со хероин.

За злобната судбина на ова семејство да биде уште полоша, истата година починала нејзината сестра Маја со разлика од само неколку месеци.

„Тие беа љубопитни градски девојки кои живееја 26 часа на ден. Тоа беше проблемот. Кога беше болна, Мира избегнуваше да се јави, затоа што се срамеше. Не можам да замислам како изгледа таа транзиција од девојка околу која се врти целиот свет, до девојка која сите ја избегнуваат.“