ВестиПопуларно

Сопруга на поранешен агент на DEA убиена во Мексико: „Побегнавме од Лос Анџелес поради вакви работи“

Знаевеме за предупредувањата од Стејт Департментот да не се оди во тој дел на Мексико и знаевме за ризиците и пресметките на нарко картелите во тоа подрачје. Но, мислевме, погледнете го Лос Анџелес, рекол поранешниот агент.

Влегол во ноќен клуб и почнал да пука. Се слушнала голема галама, настанала паника. НА земјата останал маж кај кого подоцна биле најдени кокаин и пилули и русокоса жена. Тоа било во Тулум, мексиканскиот град на брегот на Карипското море на почетокот на февруари. Полицијата објавила дека станува збор за судир на наркокартели, а жената која настрадала била случајна жртва. Ја погодиле два куршуми.

Како што пишува “New York Post”, Нико Хонарбакш, била сопруга на поранешниот агент на ДЕА Карл Перман, кој во тоа време не бил со неа, туку бил на службено патување.

„Ми се јави пријател и ми кажа дека слушнал дека Американка загинала во ноќен клуб во Тулум и дека одговара на описот на мојата сопруга“, раскажал Перман, кој веднаш тргнал кон Мексико. Кога пристигнал, мртовечницата била затворена, па отишол на местото на убиството. Чуварот го пуштил во клубот каде го видел шеширот на сопругата, а подоцна и нејзиниот автомобил паркиран зад клубот. Инспекторите објавиле дека неговата сопруга настрадала во наизменичен оган и дека загинал и еден од дилерите кој бил убиен од член на спротивставена нарко-банда.

Што е најлошо, како што кажал поранешниот агент на ДЕА, тие заминале во Мексико бидејќи се плашеле за својата безбедност во Лос Анџелес, каде што претходно живееле.

„Знаевеме за предупредувањата од Стејт Департментот да не се оди во тој дел на Мексико и знаевме за ризиците и пресметките на нарко картелите во тоа подрачје. Но, мислевме, погледнете го Лос Анџелес. Многу пати се чувствувавме побезбедно во Мексико отколку дома. Минатото лето сопругата ми се јави дека ја следи манијак со нож, одвај му побегнала и повикала полиција“, рекол поранешниот агент.